Тема: М-НАВ

Платени денови со авион во Кипар со љубовната партнерка, наместо за работни активности

Апелацискиот суд ја врати на повторно одлучување во Граѓанскиот суд постапката за забрана на штрајкот во М-НАВ, инициран од синдикалците на оваа државна компанија за контрола на воздушниот сообраќај. Правните застапници на М-НАВ велат дека Независниот синдикат без легитимно право го иницирал штрајкот минатата година, без задолжителна постапка за помирување и без барање за заштита на работниот однос.

Препукувања во М-НАВ: Кој е во право за штрајкот на 20-ти октомври?!

Претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски, изјави дека Синдикатот има целосно право да организира штрајк, добиено со овластување од гранковиот синдикат, а целата постапка е спроведена регуларно, за што рече дека постои и соодветна документација.

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. „Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република С. Македонија […]

Кривични за екс-директор и шефица во М-НАВ – го „олесниле“ буџетот за 1,5 милиони денари

Против поранешниот извршен директор на Секторот за воздухопловна техника во М-НАВ АД Скопје, В.К., и против Б.А., в.д. раководител на одделение за јавни набавки, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и несовесно работење, Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје. Првопријавениот В.К. во текот на 2022 година ги споил […]

To top