Македонија

Најпосакувана работа за одлична плата

Во Македонски навигации лани имало 309 вработени

Македонската навигација ги има едни од најтешките работни позиции – чување на македонското небо – но и најдобро платени во Македонија, објави „Фактор“.

Во 2024 година, просечната нето-плата изнесувала 170.000 денари.

Платите биле високи и претходните години  – во 2023 година, просекот бил 151 илјада, додека пак во 2022 година, имало просечна нето плата од 155 илјади денари.

Македонската навигација одлично котира и кај добивката. Во 2022 година, имале добивка од 137 милиони денари. Во 2023 година, добивката скокнала и изнесувала 256 милиони денари, а во 2024 година , сумата била пониска од претходната година – 159 милиони денари.

Според податоците, во Македонски навигации лани имало 309 вработени.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top