Тема: Македонско научно литературно другарство 1903 огранок во Софија

Основањето огранок на МНЛД на 23.11.1903 во Софија – силен изблик на македонската идентитетска самобитност во срцето на бугарската држава! (1)

На денешен ден, на 23 ноември 1903 година десеттина македонски интелектуалци и револуционери, предводени од Крсте Мисирков и неговите најблиски соработници Стефан Дедов, Јован Ангелов и Димитар Мирасчиев, го создаваат во Софија огранокот на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург, Русија. Само по два дена бугарската полиција брутално го растура огранокот: ноќта на 25 ноември ги уапсила членовите. Мисирков, испретепан, морал да бега во Русија. Без оглед што тој огранок траел само два дена, ова е особено значаен датум во македонската национална, политичка и културна историја. Тој ден пред 123 години во срцето на бугарската држава, која го негирала самото постоење на македонскиот народ со неговиот идентитет и јазик,  се случил силен изблик и проблесок на македонската национална, идентитетска, јазична и историска посебност и самобитност! Основајќи го софискиот огранок на МНЛД во Софија, Мисирков и македонските интелектуалци околу него им испратиле индиректна и моќна порака на тогашните бугарски властодршци и политички кругови: ние сме Македонци, а не Бугари, и дејствуваме според своја македонска политичка волја во средиштето на вашата држава! Тоа била порака и за Грците и Србите дека Македонците се Македонци и ништо друго.

To top