Тема: министер за здравство Азир Алиу

Алиу: Доктор во јавно здравство заработил 11 илјади и 400 евра за еден месец! Можна е кривична одговорност за ваквата пракса!

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција. Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски вчера од собраниската говорница зборуваше за доктори, кои со книжење дежурства и други додатоци стигнувале до баснословни 10 илјади евра месечно во јавните здравствени установи! Најновиот случај е само потврда повеќе на оваа информација од македонскииот премиер.

Алиу: Одземени лиценците на 6 компании, кои одгледуваат марихуана за медицински цели, меѓу нив и на Алфафам, вмешана во шверцот во Србија!

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли – несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер, посочи Алиу.

Алиу: Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хирургиски интервенции – Пациентите ќе знаат колкава е листата за чекање

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го претстави новиот модул за електронска евиденција за селективни хирургиски интервенции во јавните здравствени установи. Пациентите што имаат закажано вакви интервенции преку порталот ќе може да видат кога им е закажана интервенцијата и да видат колку е долга листата на чекање. Алиу појасни дека на јавниот портал, кој се наоѓа на веб-страницата на Министерството, ќе биде достапна листа на закажани селективни хирургиски интервенции, со јасна категоризација на интервенциите и стандардизирани правила за внесување и ажурирање на податоците.

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење не е рестриктивен, европски е, а над 45 отсто од возрасните пушат!

Предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување на европски стандарди за заштита на здравјето, изјави за МИА министерот за здравство Азир Алиу. Преку податоците кои ги добивме од Светската здравствена организација над 45 проценти од возрасната популација пуши, што ја става нашата земја меѓу земјите со највисока стапка во Европа според начинот на користење на цигари или некаков вид тутунски производи, рече Алиу.

To top