Тема: мвр

Расте бројот на жртви на патиштата – Каде исчезна безбедноста во сообраќајот?!

На магистралниот пат Градско – Прилеп, кај селото Радобил, загинаа двајца – едниот на 31, другиот на 56-годишна возраст, потврди полицијата. Несреќите се чести и на градските улици, а професорите алармираат – најголем дел од сообраќајките се резултат на човечки фактор, грешки или пропусти коишто ги прават активните чинители во сообраќајот.

Уапсен е возачот што прегази 11-годишно девојче во Скопје и побегна

Единици на интерветната полиција при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода возачот кој пред три дена удри во 11-годишна малолетничка на улицата „Перо Наков“ во Скопје и побегна од местото на настанот.

To top