Тема: НБРМ

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

Гувернерот Трајко Славески нема да поднесе оставка

Од Народната банка одговорија дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури и ги отфрлија тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери.

(Видео): Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

Каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.

Средба Славески-Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија основа за инвестиции и економски раст

Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025 година

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година.

Стапката на нефункционални кредити падна на историски најниско ниво до сега

Советот оценува дека од јануари до крајот на септември банкарскиот сектор остварувал добивка од работењето, иако таа благо се намали, но показателите за профитабилноста и натаму се на солидно ниво.

Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу 4%, во рамки на проекцијата

Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4%, наспроти 4,5% во октомври. Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што упатува на помали увозни ценовни притисоци во однос на претходните очекувања.

Инфлацијата е стабилизирана – девизните резерви се на сигурно ниво, вели Гувернерот Славески

Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема очекувања за постојан раст на цените и сметам дека тоа е постигнато, нагласи Славески.

To top