Тема: Николоски

(Видео): Нови 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба, напиша Николоски.

(Фото): Пробиваме планини за безбеден автопат Охрид-Кичево, вели Николоски

Со засилено темпо продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение.

Избрана банката која ќе ја финансира изградбата на брзата железница од Табановце до Богородица

Изведувачот на работите на брзата пруга ќе се избере преку таканаречен конкурентен дијалог. Овој проект е предвидено да чини околу две милијарди евра и е дел од стратешкиот договор со Велика Британија. Според Николоски, актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8.

To top