Тема: топ

По предлог на судијката Добрила Кацарска, Уставен суд ќе го оценува линеарното зголемување на пензиите

Повеќе од трагичното објаснување на Уставниот суд е дека имало некаков си наводен сомнеж за дискриминација на пензионерите со поголеми пензии во однос на оние со минималните пензии, аргумент кој од општествено-социјален аспект е далеку од умот и нема никаква логика. За нивна жал, тие со поголеми пензии и кои јавно се бунеа, се предомислија во јули годинава и ја пофалија мерката и потегот на премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, сепак, не стигнало до Кацарска и Уставен.

НЕОФИЦИЈАЛНО: За „Пулс“ уапсен и Драган Паунов, вработен во УЈП и брат на претседателката на Кривичен суд

Обвинителството во рамки на проширената истрага за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што на 16 март 2025 година однесе 63 млади животи и повреди над 200 лица, покрена кривични постапки против десетици осомничени за корупција, злоупотреба на службена положба и фалсификување документи.

Уште десетина приведени за пожарот во дискотеката “Пулс”

Вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

Буџетот на Албанија за в година дури 8,8 милијарди евра, со дефицит од 637 милиони евра

Фондот наменет за 11 концесионерски договори планиран е на 120 милиони евра, што е помал износ во споредба со 123-те милиони евра што се очекуваат за тековнава година. Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година.

To top