Тема: топ

(Фото): Ацо Ристов и официјално стапи на чело на Регулаторната комисија за енергетика

Новоизбраниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија, Ацо Ристов, стапи на функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на Комисијата.

(Видео): Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец

Рекордна наплата од 12 милијарди денари или 195 милиони евра регистрира Царината за само еден месец. Овие приходи биле собрани лани во јули и се највисоки од работењето на Управата. Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа- институција која има клучна улога во функционирањето на државата, во заштитата на економијата и во обезбедувањето стабилни приходи за буџетот, вели премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Немам очекувања дека ќе се врати Груевски во Македонија, но ако го стори тоа ќе биде упатен на отслужување затворска казна

Ако се појави Никола Груевски во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш откако ќе се појави органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно со правосилна одлука, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

Василевска: Билатералните прашања не може да бидат дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту основа за вето! – Без оглед на реформите патот кон ЕУ ни е блокиран!

Пратеничката Иванка Василевска, претседателка на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата, учествуваше во работата на конференцијата на претседатели на секциите на националните парламенти на Регионот Европа на ПС на франкофонијата, што се одржа вчера во Варшава.

Видое Подгорец: Без јазик си никој и ништо! Родниот јазик е бисерен ѓердан од зборови!

„Писателот е и треба да остане будната совест на својот народ!“ – овие зборови се творечкиот и животен принцип, до кој се придржувал до крајот на својот живот Видое Подгорец. Ваквиот свој принцип овој неуморен волшебник на македонската книжевна реч доследно го искажал и во својата бележита песна „Без јазик си никој и ништо“, во која за родниот македонски јазик им оставил на поколенијата македонски денешни и идни вистинско завештание да го вардат од секакви угрози и напади кон него. Со овие вонвременски стихови Подгорец се наредува на истата линија како и Крсте Мисирков дека „јазикот е душата на македонскиот народ“ и на Блаже Конески оти „сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште“. „Без јазик си никој и ништо“: Родниот јазик е бисерен ѓердан / од зборови – плодови сочни, / мислите тие ти ги редат / во слики јасни и точни. /Тој е вруток непресушен,вечен, /низ бистри капки – зборови тече. /Жубори, клокоти, ѕвони, се лее / ко јасна ѕвезда секој збор грее. / Тој ни е завет од дедовците / како тланикот на огништето. / Чувај го како црнка во очите – / – без јазик си никој и ништо.“ – Видое Подгорец. Денес се навршуваат 29 години од неговата смрт.

„НЕ за војната во Иран“: Десетици уапсени во Њујорк

Демонстрантите извикуваа слогани како „запрете ги бомбите“, „запрете ги убиствата“ и „ослободете ја Палестина“, додека изразуваа противење на нападите на САД и Израел врз Иран, нападите на Израел во Либан и нападот на Израел врз Газа

To top