Тема: топ

Почина Коста Јаневски: Основач на Антена 5 и пионер во македонскиот филм

На 65-годишна возраст, по кратко боледување, почина Коста Јаневски, истакнат филмски работник и еден од основачите и сопствениците на радио Антена 5, чиј придонес во македонската медиумска и културна сфера беше значаен и траен.

Милано во центарот на шпионска афера: Хакери целеле политичари и бизнисмени

Зад скромната фасада во боја на песок на една палата, скриена во сенката на величествената катедрала Дуомо во Милано, се одвивала тајна операција чија цел била да се соберат доверливи и компромитирачки информации за италијанската политичка и бизнис елита

Единаесет месеци казна затвор за 43 годишниот родител, кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор

Шабани: Сѐ уште се без потврда претпоставките дека Ахмети преговара со Апасиев и Левица за поддршка на 2 ноември во некои општини, но и на подолг рок!

Политичкиот аналитичар од Македонија Амир Шабани во својата колумна, која ја објави косовскиот весник „Бота сот“, фрла една поинаква светлина врз политичките потези, кои ги влече лидерот на ДУИ Али Ахмети. Шабани е категоричен дека шефот на „интегративците“ свесно го жртвувал Бујар Османи, фрлајќи го да „изгори“ во „огнот“ на локалните избори воопшто не со цел „Бујар да станел нов градоначалник на Чаир“, туку за да го исфрли од трката за нов лидер на ДУИ, која, како што тврди колумнистот, веќе е започната, зад сцената! Шабани пишува и за сѐ уште непотврдените шпекулации и претпоставки дека Ахмети веќе преговара со Димитар Апасиев неговата партија Левица да ѝ даде поддршка на коалицијата Национална алијанса за интеграција на Ахмети поддршка во некои општини во вториот круг на локалните избори на 2 ноември со надеж дека ќе се ублажи поразот на ДУИ и НАИ од првиот круг, но и за да добие Ахмети можност да ги потисне барањата и повиците за негово заминување во „политичка пензија“!

Мечка на сред улица – надлежните предупредуваат да не се провоцира

Ова се случува во есен, кога животните, особено мечките, интензивно бараат храна за да се подготват за зимскиот период. Како пример наведуваат конкретен настан од пред неколку дена, кога возрасна мечка била забележана ноќе на главниот булевар во градот. Според ловците, ова не е само редок инцидент туку сериозна ситуација, затоа што мечката се движела низ урбана зона, каде може да дојде во директен контакт со луѓе.

To top