Македонија

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан

Влеговме директно во срцето на проблемот на градот, во секоја девастирана пора што ни ја оставија

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“.

– Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа – Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ред и дисциплина, систем што одамна престанал да работи. Влеговме директно во срцето на проблемот на градот, во секоја девастирана пора што ни ја оставија. Затекнавме град претворен во депонија, расипани машини, автобуси затворени во гаражите и сето тоа збогатено со долг од речиси 300 милиони евра. Целосен колапс без преседан. Но, како тим добивме нешто посилно од се, а тоа е довербата од Скопјани. Си дадов збор дека таа доверба никогаш нема да ја изневерам и дека ќе работиме често и одговорно докрај, рече Ѓорѓиевски вечерва во Македонската филхармонија.

Посочи дека во изминатите 100 дена намален е долгот за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивните трошоци и зголемување на приходите преку финансиска дисциплина. Напомена дека за два месеца решен е проблемот со неисплата на платите на вработените во јавните претпријатија, а во тек е и ревизија и реорганизација на градската управа која според него, треба да биде ефикасна и во служба на граѓаните.

Во следниот период најави кружни текови кон центар и пуштање на првата подземна сообраќајница, изградба на монтажни гаражи од кои првите ќе се градат во кругот на Клиничкиот центар, решавање на проблемот со уличните кучиња, проширување на капацитетите на Лајка, изградба на зелени површини, соодветен третман на депониите….

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top