Тема: топ

Добрила Kацарска бара да се укине зголемувањето од 7000ден на пензиите, а истовремено бара зголемување на платата од 100.000 денари

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДС стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари

Уапсен Аца Лукас во Кавадарци(ВИДЕО)

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа настапуваше во кавадаречки локал, каде атмосферата на почетокот беше на вистинско ниво на еуфорија. Сепак, енергијата драматично се прекинува околу полноќ: Лукас нагло прекинува песна, а полициски службеници влегуваат во просторијата.

Корупциски скандал на албанска министерка Балуку поврзувана со спорни зделки во Македонија со Дрин Ахмети, внукот на Ахмети

„Ја допира и Македонија албанскиот корупциски скандал на фирма-партнер на Дрин Ахмети и ‘Ѓока Констракшн’: во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми ‘ПЕ-ВЛА-КУ’ и ‘Ѓока Констракшн’, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

По 3.500 евра минус на секоја операција: „Жан Митрев“ бара финансиска ревизија на ФЗОМ

Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопшти дека со секоја операција што ја прават на осигурениците на Фондот, тие се во проек во загуба од по 3.500 евра за операција или само лани загубата од работата со Фондот за здравствено осигурување е повеќе од четири милиони евра.

Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европска слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.

To top