Тема: трговци

Цаните за Бадник до небо, килограм костени од 100 стигнаа и до 300 денари

Сега, Законот за нефер трговски практики предвидува максималната казна за непочитување на одредбите да биде до 20.000 евра за голем маркет, премиерот најави дека остро ќе бидат казнети сите кои работат спротивно на интересите на граѓаните и непазарно ги пумпаат цените на рафтовите. Тој до март најави дека ќе се смени висината на казните и тие ќе бидат 10 пати повисоки или до 200.000 евра. 

Инспекцијата изрекла казни тешки два милиони евра за само една година

Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме, за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20.000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава, најави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Ќе дадат ли конечно ефект новите мерки за скапата храна во маркетите?!

Се подготвуваат нови мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите, најави премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека тоа е со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. Тие по кој знае кој пат реагираат дека е прескапо, споредено со стандардот.

За кои трговци има постапки пред институциите, кои девијантно се однесувале?!

Коментирајќи ги укажувањата на земјоделците дека прекупците и трговците имаат голема заработка и оти крајната цена за граѓаните е многу висока, Мицкоски рече дека цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки, но оти трговците ставаат нелогична маржа.

To top