Тема: ВМРО-ДПМНЕ

„Епохална“ изјава на Филипче: Да беше жив Гоце Делчев, денес сигурно лично ќе се бореше против ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски?!

„Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Гоце Делчев се бореше за слободна и праведна Македонија. Денешното ВМРО ја претвори државата во плен, а граѓаните во заложници на својата корупција и власт. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат!“ – рече лидерот на СДС Филипче во изјава за новинарите.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Манасиевски: СДС ги распродадоа македонските национални интереси, а сега и Филипче е подготвен за уставни измени веднаш без услови и гаранции!

„Од СДС постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент,кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси. Овој нивни аргумент не е поткрепен со нивното однесување во јавноста. Филипче се однесува како да го знае само тој патот кон ЕУ, а неговата шема не познава никакви црвени линии.“ – нагласи Валентин Манасиевски, пренесувајќи ја реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

„Плус инфо“: Филипче е пак „уфилман“, го следел „приватен Мосад“! СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ „ангажирала разузнавачка компанија за следење на опозицијата“!

„Станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, позната по следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели.“ – тврди СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

To top