Тема: Вучиќ

Србија останува на европскиот пат, рече Вучиќ и членовите на делегацијата на ЕП ги нарече „неважни луѓе“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и лидерката на парламентот Ана Брнабиќ изјавија дека поради претходно планирани обврски, нема да се сретнат со европратениците, особено со известувачот на ЕП, Тонино Пицула, кој е мета на српските власти уште од неговото назначување на оваа позиција поради неговите критички оценки за ставот на Србија кон преземените обврски во процесот на европска интеграција.

Вучиќ: „Убијте ме, не ја разбирам логиката“ на САД

Српскиот претседател изјави дека не ја разбира логиката на САД во врска со санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) и не верува дека САД ќе ја променат својата одлука и ќе одобрат лиценца за увоз на нафта, што ќе значи затворање на рафинеријата во Панчево

Србија има нафта за уште десетина дена, Вучиќ бара решение

Следната недела е од големо значење за Нафтената инфдустрија на Србија (НИЦ). Рафинеријата може да издржи до 23-ти, 24-ти со резервите на нафта што ги имаме, а дотогаш мора да најдеме решение и да испратиме писмо до американската влада да нè ослободи од санкциите најмалку два месеци

To top