Македонија

(ВИДЕО) Му беше добар додека им даваше се што фалеше, сега го плука по прес конференции

Тој ним, жито, пченка, вакцини, масло за јадење и печен вол а тие нему тиранин зол

Лидерот на СДСМ Венко Филипче деновиве во обид да ја критикува владата на Хриатијан Мицкоски го нападна и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Без посебна причина Филипче влезе во конфликт со човекот кому до пред некое време јавно му искажуваше благодарност.

Богдан Илиевски ги објавува и видеото во кое Филипче го навредува Вучиќ но и видеото во кое тој на подиректен начин кажува дека му се додворува.

 

Во објава со наслов , Мојата чудесна земја”, Илиевски алијас Бетмен Велит вели дека идеално не го занима што на политички план се случува во Србија, тоа е прашање за граѓаните на Србија и нивните политички опции, но…

 

,,Ама кога господинов Вилипче одлучил дека кај нас ќе применува нова тактика и Вучиќ ќе го покажува како баба-рога која треба да не’ уплаши бидејќи и нашата власт ќе станела како лошата српска власт ако не го послушаме него, зборувајќи за Вучиќ со реторика на српската опозиција, користејќи фрази како „да не дозволиме српско сценарио кое ќе не донесе до пропаст“ и зборувајќи за Вучиќ „кој знаел дека ќе одговара“, не можам да не се потсетам на моментите кога пропаднатиот тиранин Вучиќ на овие ултраспособни лопови ги частеше вакцини и брашно, бидејќи за вакцини знаеме дека тргнаа во Хонг Конг да ги набавуваат, а стоковите резерви деновиве гледаме како ги отпишувале”, пишува Илиевски.

 

,,И додека овој, денес зол тиранин, кој го зборуваат на прес-конференции како да се удрени со мокра чорапа и помислиле дека се српска, а не македонска опозиција, додека тој им даруваше вакцини и жито, тие му го целиваа калабастерот без раце и без капка да падне. Бидејќи беа многу способни, а тој тиранин зол.

Бреј, Венко вол”, заклучува Илиевски.

СДСМ денеска не демантираше дека Филипче јавно му кажувал Фала на Вучиќ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top