Тема: закон за високо образование

Високото образование треба да создава стручни луѓе, а државата да бара отчетност од универзитетите

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерството за образование со став за недостигот на учебници за малобројните етнички заедници

Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици.

Ристова Астеруд го ,,поткопа” предлог Законот за високо образование

А ако дотолку небитно, ајде скрос да укинеме наши државни универзитети и да замолиме странски универзитети да си отворат тука свои кампуси, па , ваквите „импактџии“ и „хиршовци“ нека си бараат работа таму на пазарна основа и сето финансирано со приватни пари, а не со јавни

To top