Тема: Железници

Ќе се гради двоколосечна електрифицирана пруга до 200 км/ч за патнички сообраќај

Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени – тоа ја открива длабочината на децениското занемарување на ова претпријатие, вели директорот на Македонски железници – Транспорт, Синиша Ивановски.

ЕУ го поздравува проектот за железничко поврзување на Скопје и Софија

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави.

Целосно ќе се реконструира Железничката станица во Скопје

Директорот на ЈП „Железници – инфраструктура“ најави дека за најмалку една година се очекува да се изработува проектот, по што ќе следува обезбедување финансиски и градежни работи, што треба да завршат за пет до шест години, истовремено со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и на железничкиот крак до скопскиот аеродром.

Азески: За в година се очекуваат нови инвестиции и раст на македонската економија

За стопанството пак, најважна е инфраструктурата, односно нормалното функционирање на бизнисите кои ја движат економијата. Тие бараат што побрзо завршување на започнатите проекти за изградба на патиштата и железницата, кои како што велат, се крвоток на Македонија и секаде во светот.

ВРЕДИ: Железничките линии не се само линии на мапа, тие се артерии на развој

Владата, предводена од коалицијата Вреди, преку Министерството за транспорт, започнува нова фаза во изградбата на Железничкиот коридор 8 – проект со национална димензија и регионално значење.

To top