Македонија

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година

Премиерот Христијан Мицкоски денес направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз.

-Јас би сакал само да им честитам на сите коишто се вклучени во овој проект, министерот за транспорт и потпретседател на Влада, директорите на македонски железници, директорот на македонска железница и инфраструктура на сите буквално коишто беа дел од овој проект. Ова што го кажа и новиот градоначалник на Град Скопје е многу важно затоа што на тој начин ќе се растерети гужвата малку со користењето на ова превозно средство, но и она што е уште поважно е што ќе ја намалиме емисијата на штетни честички во воздухот, ова исто така има и еколошки позитивни ефекти, рече Мицкоски.

Посочи дека проектите кои се спроведуваат ќе имаат позитивно влијание врз животната средина.

-Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време бидејќи ништо не е правено, но ова е еден од тие проекти коишто контрибуира и многу сум среќен и тоа што конечно го отпочнуваме БРТ системот, но треба да видиме малку околу проектот како сето тоа ќе биде замислено, а бидејќи ќе треба да се прави цел нов мост преку реката Вардар за да може сето тоа јакосно да се изнесе. Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година, бидејќи автомобилите се возат во текот на целата година и во текот на целата година тие емитуваат честички коишто влијаат негативно врз квалитетот на воздухот, тоа е многу важно барем тој сегмент, а во останатиот дел имаме тековни проекти коишто ги развиваме, истакна премиерот.

Мицкоски ги повика граѓаните кога сето ова ќе биде оперативно функционално да го користат за да сите ние имаме бенефит од сето тоа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top