Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството и загрозувањето на националните обележја

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче: „Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските […]

Жестоките великобугарски оспорувања на македонскиот јазик на Никола Киров Мајски во 1923 – еднакви како и денешните негирања во Европарламентот

Денес се навршуваат 145 години од раѓањето на Никола Киров Трајков -Мајски (Крушево, 28. VI 1880 – Софија, 2. VIII 1962) – македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација, национален и просветен деец, историограф, општественик, драмски автор, поет, раскажувач, мемоарист и хроничар на Крушево. Во текот на учебната 1898/99 година во егзархиската гимназија  во Битола, […]

Муцунски за Atlantic Council: Одлуките од Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации

Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, оценува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Atlantic Council“. -Јас лично го нарекувам генерациски самит. Мислам дека одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Мислам дека […]

Бугарски експерт: За нас македонската кауза е неповратно загубена

Денчо Балев, безбедносен експерт од Бугарија, со дијаметрално спротивен став од официјалниот во Софија кога станува збор за евроинтеграцијата на Македонија. „Всушност, она што се случува меѓу Европската унија и Северна Македонија повеќе или помалку ме задоволува. Време е да излеземе од нашите максималистички очекувања и да се соочиме со реалноста. Влезот на СМ во […]

Сиљановска Давкова прими Македонки кои го завршија престижниот „Maneuver Captain’s Career Course“ во Џорџија

На средбата биле присутни и американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер и началникот на генералштабот на АРМ Сашко Лавчиски     Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими две Македонки кои го завршија престижниот „Maneuver Captain’s Career Course“ во Џорџија.   ,,Горда сум што денеска ги примив капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска, две извонредни припаднички […]

Кочоска-Димитриеска: За една година поставивме темели за стабилна економија и реален раст

Го презедовме Министерството во момент на висок јавен долг, дефицит без покритие и минимални капитални инвестиции. За само 12 месеци покажавме дека со одговорност и стручност можеме да ја стабилизираме економијата, истакна министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска која го презентираше отчетот за првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи конкретни резултати и јасна стратегија за […]

Државата продава 5 стана на Груевски, три се со кралска големина и цена (ВИДЕО)

Трите од петте стана на екс премиерот Груевски се со неверојатна големина, луксуз и цена, некои имаат вредност близу 900 илјади евра или по над 4000 евра за квадрат.     Луксузни станови кои биле во сопственост на екс премиерот Никола Груевски вредни околу 2,5 милиони евра, се огласени за продажба. Како што објави Фокус, […]

Ѓорче Петров,„примерниот бугарски поданик“, кој се бореше фанатично против бугарските посегања кон Македонија, убиен на 28.6.1921

Денеска во Прилеп се одбележаа 104-годишнината од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и создавање самостојна македонска држава. Пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп се поклонија и положија свежо цвеќе делегации од општина Прилеп, претставници на Советот на општината, од средното општинско […]

Денови на искушение – на денешен ден убиен великан на македонската револуционерна борба

За него според книгата на Коле Чашуле ,,Црнила” беше снимен еден од најубавите македонски филмови ,,Денови на искушение”. На денешен ден убиен е великанот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров         104 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 1865-1921   28 јуни 2025 година, Прилеп, Македонија – Ѓорче Петров односно Георги Петров […]

Единствениот правосуден корупциски скандал околу кој се обединија власта и опозицијата

За останување на детето кај мајката се пратенички и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, последна одлука за тоа носи Врховниот суд.           Невена Спасеска, мајка од Скопје, на која судот во Охрид, а потоа и во Битола и го одзедoa четиригодишното дете по разводот со сопругот од Охрид, без да неведaт […]

Умерен раст на цените во малопродажба, пад на овошјето и зеленчукот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, информира дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките. – Има умерено зголемување на цените на пазарите во […]

Фетаи: Владата вложува во проекти како никогаш досега! Ја уредуваме и канализацијата во Зајас, каде што Ахмети и ДУИ крадеа од парите за неа!

Фетаи: „Нашата влада е реформска, го работиме она, што не е направено две децении.“ – изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во интервју за Радио телевизија Косово. Ова го пренесе порталот на албански јазик „Актуале“. Порталот пишува: Вицепремиерот Арбен Фетаи посочи дека дека се вложува како никогаш досега. Тој ги наведува проектите што ги спроведува оваа влада, […]

To top