Македонија

Генерал Коктели обвинет дека лаже за партиски структури и членство

Лидерот на Партијата на пензионерите Илија Николовски е јавно обвинет за ширење лага дека има членство и партиски структури.   Обвинувањето го упатува неговиот поранешен партиски другар, екс новинарот Веле Митаноски кој формирал општинска структура во Охрид која сега не постои.   Митановски го нарекува Николовски кој бил воено лице како ,,Генерал Коктели”. ,,Поголем трчи-лажи […]

Лидерот на Партијата на пензионерите Илија Николовски е јавно обвинет за ширење лага дека има членство и партиски структури.

 

Обвинувањето го упатува неговиот поранешен партиски другар, екс новинарот Веле Митаноски кој формирал општинска структура во Охрид која сега не постои.

 

Митановски го нарекува Николовски кој бил воено лице како ,,Генерал Коктели”.

,,Поголем трчи-лажи од овој тип мајка не раѓа. Ова од лично искуство. Атер на генерал Коктели му направив општинска организација во Охрид, која не постои 5 години, а овој лаже дека ја има. Ме пиша во некаков Централен одбор. Побарав да ме испише. Бев на еден состанок во Скопје кој го водеше некоја будалетинка од Куманово, во својство на некаков ген. секретар. Им кажав само една анегдота зз водачот Мао, кој ја преплавувал Јанг Це, а водата ” на десет метри зад него била совршено слатка!”. Повеќе нит очи им видов, нит очи ми видоа. Родени лажговци. Ако Мицкоски, на овој му поверува дека има членство и организација, нека скока во Вардар, ќе го чекаме Велес под мостот”, пишува Митаноски кој порано беше дел од НСДП на Тито Петковски.

 

Предходно партијата на пензионерите објави дека ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top