Архива за: 28.06.2025

(Фото): Ѓубре, смрдеа, црви, бубачки во Долно Лисиче – Зошто „Комуналец“ не чисти?!

Купишта ѓубре, смрдеа, црви, бубачки и потенцијални извори на зараза. Ваква е сликата во Долно Лисиче во период кога температурите надвор се и над 40 степени, а ѓубрето многу лесно се замирисува, објави МКД.мк. Јавното претпријатие Комунална хигиена на ова место доаѓа понекогаш и еднаш во месецот, а вработените остануваат „глуви“ на телефонските повици да […]

Муцунски ја повика Софија да се однесува рационално

„…да не биде заглавена во ретроградните наративи коишто за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад“, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција „Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши […]

Радев за еврото: Потсмев со народот е дека цените нема да се зголемат

Според бугарскиот претседател, тврдењата дека нема да се дозволи цените се зголемат со воведувањето на еврото, со оглед на тоа што тие незапирливо скокат, не се само лудило, туку потсмев на народот. Румен Радев, во врска со приемот на Бугарија во еврозоната, вели дека не е најдобра одлука на владата да се потпира на поддршка […]

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот митинг „Да се ​​сретнеме во Гостивар“. Тој јасна порака до оние кои, како што рече, се обидуваат да го попречат. „Ви кажувам од тука, Валбон Лимани не е кандидат, но тој ќе […]

Од 1 јули, 2.000 евра казна за движење во шума

Целосната забрана  ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се […]

Една третина од жителите на една земја сакаат да се иселат во Австралија

Жителите на Тувалу учествуваат во „лотарија“ за добивање виза за живеење во Австралија. Австралија нуди визи на 280 секоја година според договорот за климатска миграција што Канбера го нарече „првиот договор од ваков вид во светот“. Повеќе од 3.000 жители на Тувалу веќе аплицирале за првата група визи, пишува Гардијан. Одлуката за добитниците на виза […]

ЕУ: Годинава 31 милијарда евра за Украина – нема нови санкции за Русија

Европската унија ќе продолжи да обезбедува редовна финансиска поддршка на Украина на долг рок и ќе издвои 30,6 милијарди евра во 2025 година. Ова се наведува во завршната изјава од состанокот на Европскиот совет одржан во Брисел, прецизира АФП. „Во 2025 година, Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина 30,6 милијарди евра, од кои 3,5 […]

ВРЕДИ: Со пописот 2021 Албанците од дијаспората станаа граѓани од втор ред

“Последниот попис на населението, предводен од тогашната влада ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора“, реагираат од ВРЕДИ по вчерашната одлука на Уставн суд за укинување на категориите „резидентно“ и неразидентно“ население при спроведување на ова статистичка операција ОД ВРЕДИ велат дека претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна […]

Трамп го притиска Нетанјаху „за две недели“ да заврши војната во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за план за прекин на огнот во Газа, кој треба да се спроведе во рок од две недели, објави „Израел Хајом“. Администрацијата на Газа ќе им биде предадена на четири арапски земји, вклучувајќи ги Египет и ОАЕ, предвидува главната точка на договорот. На жителите […]

Лавров: Часовникот на „судниот ден“ е блиску до полноќ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја повтори својата загриженост за растечката закана од нуклеарен конфликт, нагласувајќи дека симболичниот „Часовник на судниот ден“ е многу блиску до полноќ. Во својот говор во Министерството за надворешни работи на Туркменистан, Лавров истакна дека Русија вложува напори да спречи нуклеарна катастрофа, а особено го пофали пристапот на […]

Наместо спектакли, Арсовска да излезе со градежна инспекција на терен, вели Николоски

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската […]

Пресврт во енергетиката: Македонија станува извозник на струја, најави премиерот

По седум години застој, конечно започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција – проект кој ќе ја трансформира енергетската карта на Македонија, објави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска на собраниската седница за пратенички прашања. – Конечно, по седум години политички игри и одложувања, започнавме со работа на гасниот интерконектор со Грција. Првпат, Македонија станува […]

To top