Архива за: 07.06.2025

Колку пари на почеток ќе се повлечат од Британскиот заем за реализацијата на проектите?!

Договорот со Британската влада нема да значи дополнително  зголемување на капиталните расходи, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, запрашаа дали реализацијата на проектите кои ќе се финансираат со овие пари ќе влијаат на намалување на веќе планираните капитални проекти. Министерката се повика на новиот начин на избор на приоритетни капитални расходи за инвестиции. Ние […]

Бербок нов претседател на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска е избрана за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации по тајно гласање во Њујорк. Таа доби 167 гласови, изјави досегашниот претседател Филимон Јанг. Бербок, која беше единствениот кандидат за позицијата, изрази благодарност за изборот, истакнувајќи дека сака да биде „чесен посредник“ во име на Генералното […]

Може ли Македонија да биде во првите пет економии во Европа?!

Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа, порача премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа, изјави: Па јас тоа го кажувам изминатиов период […]

Според извештај од САД, НАТО би имал надмоќ во евентуална војна со Русија

НАТО ќе има решавачка предност во воздухот и тоа може да одигра клучна улога за резултатот од евентуална воена конфронтација меѓу Алијансата и Русија, е заклучокот на анализата од американскиот непрофитен тинк-тенк за глобална политика „РАНД корпорација“ нарачана од Военото воздухопловство на САД. Таков потенцијален судир значително би се разликувал од тековниот судир во Украина […]

Тунелите конечно санирани и проодни, возете без грижа на Демир Капија-Смоквица

Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи се пофали дека пред истекот на рокот ја завршиле санацијата на тунелите Демир Капација 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица. „Пред истекот на рокот ја завршивме санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица, дел […]

Белгија со дебитант на голот во Скопје откако Куртоа отпадна поради повреда

Нордин Жакерс доби можност да дебитира на голот на фудбалската репрезентација на Македонија откако Тибо Куртоа отпадна поради повреда на грбот за претстојниот натпревар со Македонија в петок од 20:45 часот во Скопје од квалификациите за Светското првенство 2026. Жакерс има 27 години, брани за Клуб Бриж и неделава веќе тренираше со националниот тим во […]

Бугарски европратеник бара одложување на извештајот за Македонија по најавата за признавање на македонскиот идентитет и јазик

Станислав Стојанов, европратеник од бугарската партија Преродба и известувач во сенка, побара од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, одложување на извештајот за напредокот на Македонија кон Европската унија по најавите за признавање на македонскиот идентитет и јазик. „Важно е да се напомене дека дури и по моето претходно писмо, во кое истакнав судир на […]

Невоспитано и срамно бламирање на јавна сцена од страна на уценетата Данела – реагира ВМРО-ДПМНЕ

Кога Данела Арсовска ќе го нападне Христијан Мицкоски, тоа е по нарачка на СДС и Али Ахмети. Додека таа лае по Мицкоски, нејзините вистински газди – градоначалникот на Сарај и раководството на ДУИ – си ја завршуваат работата во тишина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Данела Арсовска е главниот инструмент на ДУИ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ. Таа […]

За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искреширале граѓаните за камати?!

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од […]

To top