Архива за: 22.08.2025

(Видео): Со добивањето на случајот „Казандол“, Македонија заштеди многу пари

Постапките се многу комплицирани. Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023. Ние повторно го отворивме и еве го добивме, рече Николоски.

Од Скопје ќе се лета до повеќе европски дестинации по достапни цени

На Скопскиот аеродром, во првите шест месеци од годинава, се зголемил бројот на патници за 5%, а на Охридскиот аеродром – за 13%. Министерот за транспорт, Николоски, најави и 16 нови дестинации за македонските аеродроми. Од ноември ќе има летови до Мадрид и до Стокхолм, а од декември – до Прага, Бари и до Келн.

Од Скопје до Кичево повторно ќе има воз, целосно ќе се обнови пругата која скапуваше со години

Комплетно, од корен ќе се обнови пругата кон Кичево која скапуваше со години. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за изработка на подготвителната документација. Таа ќе избере фирма консултант за изработка а сите документи за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата.

Милорад Додик можен кандидат за претседател на Србија

Потпретседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), изјави дека се разгледува можноста Милорад Додик, кој по одлуката на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина повеќе не е претседател на Република Српска, да се кандидира за претседател на Србија на следните избори

To top