Архива за: 26.09.2025

Ибрахими: Цел ни е да победиме на изборите и со листите за градоначалници и со советничките листи во сите општини, каде што ќе учествуваме

Лидерот на партијата Алтернатива од коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими го одрази големиот оптимизам, кој владее во нивната коалиција на прагот на годинашниве локални избори, образложувајќи дека тој оптимизам се засновува врз мерењата на рејтингот на партиите во општините и согледувањата околу расположението на гласачите.

Дали се закани Али Ахмети со поделба на Македонија на „албански и бугарски дел“, „ако не го продолжи патот кон ЕУ“?!

Дали со својата „порака до премиерот Христијан Мицкоски“ лидерот на ДУИ Али Ахмети само предизборно покажува „етнички мускули“ дека „Албанците ќе си одат во Албанија со својот албански дел“, ако не се влезе во ЕУ, па со заканувачка, но реално празна реторика, всушност, го прикрива својот сопствен страв од можниот, или и извесен пораз на 19 октомври на локалните избори?!

Скрининг на населението од Трубарево – некои граѓани дополнително ќе се испитуваат на Клиниката за Пулмологија

Гушење во градите, кашлање, втроглавица. Ова се симптопмите на кои се жалат мештаните на кои денеска им беше извршен скриниг во скопско Трубарево. Голем од пациентите по извршениот преглед – се препратени на Клиниката за Пулмологија.

Ѓорѓиевски: Време е за нова приказна во Скопје

Орце Ѓорѓиевски рече дека во изминатиот мандат биле обновени над 70 километри улици и патишта, изградени нови водоводни и канализациони линии и создадени над 80.000 квадратни метри зелени површини. Нагласи дека со отворањето на пет нови и пет доградени градинки, целосно е укината листата на чекање за згрижување деца во општината.

Светската дипломатија во Њујорк под будно око, засилени безбедносни мерки за Генералното собрание на ОН

Засилени контроли има и во метро станицата и во пристанишниот појас, каде што обезбедувањето е под надзор на пристанишни единици, а движењето на водни пловила е ограничено. Распоредени се и кинолошки единици, тимови за откривање експлозив и илјадници полицајци, а безбедносните служби спроведуваат и прикриени мерки за следење потенцијални закани, вклучително и кибер напади.

To top