Архива за: 25.09.2025

Зарем не може и Македонија да стане „балкански еколошки Сингапур“ со своја „револуција“ за собирање и искористување на отпадот?!

Во азиската град-држава Сингапур, која се нарекува не случајно „светска престолнина на рециклирањето на отпадот“, ѓубрето не се нарекува ѓубре, туку „рециклирачки материјали“, а во Македонија од него се формираат се поголем број „мини-планини“, кои се повеќе ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, посебно во случаите на намерно подметнуваните пожари како во изминативе неколку седмици.

Брза пруга на Коридор 10, зелени гранични ленти и нови транспортни врски, најави заменик-претседателот на Владата

Според Министерството за транспорт, изградбата на брза пруга на Коридорот 10 ќе значи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа.

Јулската плата е за 10,5% поголема од онаа во јули во 2024 година

Сите тези на опозицијата дека платата не растела, дека долгот се зголемувал, дека сме ги задолжиле неродените генерации со седум милијарди итн. полека но, сигурно, како меур од сапуница, се распрснуваат, вели премиерот Христијан Мицкоски.

„Актуално“: Рама инсинуира дека Бугарија е терорист кон С.Македонија, ја поддржува владата на ВМРО ДПМНЕ за прашањето на Бугарите во нивниот устав

„Зборовите на Рама се исклучително индикативни, со оглед дека само пред една година ја нарече С.Македонија ‘идна Западна Бугарија’.“ – пишува бугарскиот информативен портал „Актуално“.

Клуч на врата на Факултетот за бизнис економија – работел на црно

Факултетот за бизнис економија во Скопје е дислоциран од зградата каде што држеше настава. Веб страницата на Факултетот постои, но освен насловната страна, ниту еден друг линк не работи. Поради тоа не може ниту да се провери кој се предавал во овој факултет.

Какви поволни услови за купување стан подготвуваат банките?!

Гувернерот на Народна банка Трајко Славески е уверен дека со мерката на Централната банка за намалување на учеството за купување на прв стан за живеење, ќе се намалат и каматите на кредитите со кои ќе се купуваат овие нови домови за граѓаните.

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи користат вето, наместо да нѐ поддржат – Крајно време е да промени начинот на одлучување во ЕУ

На годинашниот самит „Конкордија“, кој се одржува секоја година напоредно со Генералното собрание на ОН, претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи на важното прашање: „Дали Европската унија ќе биде Унија на правила и стандарди, или на двојни стандарди и противречности?“

To top