Архива за: 26.10.2025

Од Скопје директно ќе се лета до 42 дестинации, од Охрид кон пет нови земји

Според зимскиот ред на летање, кој почнува од 26 октомври и ќе трае до 27 март 2026 година, Скопје ќе биде поврзано со директни летови до 49 дестинации, а Охрид со пет. Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство, од и до скопскиот аеродром ќе оперираат 17 авиокомпании, а ќе има и 13 чартер летови на кои ќе сообраќа авиокомпанијата „Фрибрд“, додека од охридскиот три авиопревозници.

Институт за јавно здравје со итни мерки за справување со ѓубрето во Скопје

Андоновска кажа дека меѓу препораките е Општините да направат вонредна итно вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите, и иако тоа не е толку лесно во поглед на снабдување со соодветни средства, Општините треба да најдат начин тоа да го спроведат дополнително во овој период.

Од домашно прозводство покриена 93,2% од потрошувачката на струја во август

Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика.

To top