Македонија

ВРЕДИ до Ахмети: ДУИ беше вчера, денес сме ние

20 години политиката на лидерот на ДУИ се градеше врз два столба: моќ и… моќ, велат од Коалицијата

 

Коалицијата ВРЕДИ реагираше на изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, откако тој рече дека не е губитник и затоа нема да поднесе оставка.

„По пет дена, на Али Ахмети конечно му беше прикажан одговорот на „референдумот“. А потоа, излезе и рече дека победиле на општинските избори.
Ова е апсурдно.
Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливата супериорност во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнена се многу поголеми од „победата“ во Пласница и Липково“, велат од ВРЕДИ

Според нив, 20 години политиката на Али Ахмети се гради на два столба, споменувајќи ја моќта двапати.

„Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ станаа свесни за одговорот на „референдумот“, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката.
20 години политиката на Али Ахмети се градеше врз два столба: моќ и… моќ“, велат од Коалицијата..

Што се однесува до „проверката“ што ја бара денес, таа му ја направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого продолжува да вели дека е „чист како солза“.

Затоа, пред да бара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша: Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него?

Бидејќи времето на Газиместан заврши. ВРЕДИ е денес. ДУИ е вчера“, велат од ВРЕДИ

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top