Македонија

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Жири-комисијата на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“, во состав: академик Васил Тоциновски, Милутин Станчиќ, Христо Петрески, Кристина Краличин и надворешен член на жири-комисијата, организатор и координатор на меѓународниот поетски конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“, професор Калоџеро Ла Векија, по внимателно разгледување и оценување на пристигнатите поетски творби, ги донесе конечните одлуки за наградите и признанијата за 2026 година.

Конкурсот претставува регионална културна иницијатива и посебна секција во рамки на меѓународниот поетски конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“, кој се одржува во Каникати, Сицилија, Италија, со цел афирмација на современата поезија и продлабочување на културната соработка меѓу земјите од Балканот.

Првото издание на конкурсот предизвика значителен интерес во регионот. Повикот за учество беше објавен и поддржан од повеќе од 30 медиуми, културни институции, книжевни портали и организации од земјите на Балканот, што придонесе за пристигнување на 220 поетски творби од 11 држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Словенија, Црна Гора, Албанија, Романија, Косово и Бугарија. Со бројот на пристигнати творби и регионалниот опфат уште во своето прво издание, „Ars Lyrica Balcanica“ се вбројува меѓу најмасовните регионални поетски иницијативи на Балканот.

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Добитници на наградите

Прва награда „Ars Lyrica Balcanica“
Damjana Savčić – Босна и Херцеговина, за песната „Između“
За исклучително прецизен и автентичен лирски израз, впечатлива метафоричност и способност со малку зборови да создаде силна емотивна и естетска целина.

Втора награда „Ars Lyrica Balcanica“
Милчо Мисоски – Македонија, за песната „Остаток“
За зрел и современ поетски израз, мисловна длабочина и оригинално обликувана песна во која сонот, времето и љубовта се спојуваат во заокружена лирска целина.

Трета награда „Ars Lyrica Balcanica“
Matej Marić – Хрватска, за песната „Moje sunčane naočale“
За оригинален поетски пристап, силна визуелност и суптилно прикажување на исчезнувањето на една љубов преку предмет што станува нем сведок на разделбата.

Посебни признанија

„Golden Ode“ – Златна ода
Миливоје Трнавац – Србија, за песната „Разговор са песником (X)“
За тематски и стилски заокружена творба со возвишен поетски тон, богата симболика и впечатлив книжевен дијалог со поетското наследство на Владислав Петковиќ Дис.

„Kalòs Prize“ – Награда „Калос“
Adam Noa – Хрватска, за песната „Svijet bez papira“
За оригинален и современ авторски глас што проникливо го поставува прашањето за судбината на пишаниот збор и човечката духовност во дигиталната ера.

„Crown of Lyric“ – Круна на лириката
Ален Гагиќ – Србија, за песната „Трагови од соли“
За исклучителна лирска чувствителност, мелодичност и емотивно уверливо обликување на љубовта, загубата и трајната болка.

Пофалници за особено истакнати поетски творби од земјите учеснички

  • Elma Rama – Албанија, за песната „Patyshmëria…“
  • Ibrahim Osmanbašić – Босна и Херцеговина, за песната „Šta to klizi kroz sokake?“
  • Vasilis Kapsis – Грција, за песната „Κατω απ` τον ιδιο ηλιο“
  • Senad F. Bajrami – Косово, за песната „Kuvet“
  • Слаѓана Ставрева – Македонија, за песната „Сираче“
  • Sandu Roxana Elena – Романија, за песната „Iubire“
  • Valter Čučkovič – Словенија, за песната „Dišeči maj“
  • Jovan N. Bundalo – Србија, за песната „O ženo puna slada“
  • Kristina Perković – Хрватска, за песната „Životna“
  • Veselin Kovačević – Црна Гора, за песната „Maj, ruske žene sjaj“

Во рамките на соработката меѓу регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“ и меѓународниот поетски конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ од Каникати, Сицилија, Италија, жири-комисијата додели и четири специјални пофалници на италијански автори:

  • Vai Maria Grazia, за песната „Neppure la neve
  • Tiziana Curcio, за песната „È primavera
  • Alessandro Di Bella, за песната „Le attese
  • Gabriella Paci, за песната „Prima del buio

Покрај наградените и пофалените автори, селектирани се и повеќе од дваесет дополнителни поетски творби, кои ќе учествуваат во понатамошната меѓународна селекција на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ во Каникати, Сицилија, Италија, што ќе се одржи во октомври 2026 година. Авторите чии творби се избрани за оваа селекција ќе бидат дополнително известени по електронски пат, покрај јавното објавување на резултатите.

До крајот на месец јули, на сите учесници по електронски пат ќе им биде доставено соодветното признание – сертификат за учество, пофалница, специјална пофалница или диплома за освоена награда.

Организаторот на конкурсот „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“ го задржува правото да подготви и објави антологија со избрани песни од пристигнатите творби на конкурсот. За евентуалното издавање на антологијата и за изборот на творбите, авторите ќе бидат дополнително известени.

Организаторот им изразува искрена благодарност на сите автори, медиуми, културни институции и партнери кои ја поддржаа оваа иницијатива и придонесоа за успешно реализирање на првото издание на конкурсот.

Со ова, „Ars Lyrica Balcanica“ ја започнува својата мисија како нов регионален книжевен мост меѓу балканските народи, со заедничка визија поезијата да биде простор на дијалог, разбирање и културно поврзување, а најдобрите автори од Балканот да добијат можност своето творештво да го претстават и на меѓународната сцена во Италија.

 

АРС ЛИРИКА БАЛКАНИКА

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Најнови вести

To top