Архива за: 21.11.2025

Куп пропусти во постоперативниот период во судскиот процес за родилката од Дебар

Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар која при породување во Струшката болница остана без три органи. Сослушани беа супервештаците, кои кажаа дека првообвинетиот Мухамед Асани како хирург бил одговорен за царскиот рез и за постоперативната состојба на оштетената, но и покрај влошената здравствена состојба не направил дијагностика и ехо за настанатото крварење што довело до хеморагичен шок, кога непотребно ѝ биле извадени три здрави органи.

Беџети: Ќе има коренити реформи и промени во претседателството на ДУИ и Генералниот совет

„Секако дека ќе има промени во раководството: на позициите потпретседател, секретар, во претседателството. Ќе има промени и кај членовите на Генералниот совет како највисок орган меѓу двата конгреса.“ – изјави Блерим Беџети од ДУИ.

Средба Муцунски-Кос: Потврдена е силната посветеност на Македонија на евроинтеграцискиот пат

Муцунски присуствува на неформалната вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан ја организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Таен Американско-Руски план за Украина: Територијални отстапки и преполовена армија за мир

Во услови на интензивни тајни преговори, Вашингтон и Москва работат на амбициозен мировен план за Украина, кој предвидува значителни отстапки од Киев, вклучително жртвување на дел од територијата, откажување од одредени видови оружје и драстично намалување на вооружените сили.

Косово во политички ќорсокак: Парламентот не избра влада – предвремени избори неизбежни

Косовскиот парламент не успеа да избере нова влада, со што по осуммесечната политичка криза дефинитивно се отвора патот за предвремени парламентарни избори. Кандидатот за премиер, Глаук Коњуфца од владејачката Левица (Самоопределување), доби само 56 гласови „за“ во 120-члениот собраниски состав и не го обезбеди потребното мнозинство.

Се санираат критичните точки и се расчистуваат наносите кај мостовите на Пчиња во Старо Нагоричане

Екипите на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ и на јавните претпријатија од Старо Нагоричане и од Куманово сè на терен и ги расчистуваат наносите од дрвја, гранки, смет кај мостовите во оваа општина. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски потврди дека екипи на јавното претпријатие од општината заедно со механизација на водостопанство од Куманово ги расчистуваат најкритичните локации.

Власта и опозицијата се скараа за парите, поднесени околу 200 амандмани по Предлог-буџетот за 2026

Дијаметрално спротивни ставови за Предлог-буџетот за 2026 година, за власта буџетот е реален и развоен за опозицијата буџетот не обезбедува соодветна фискална консолидација.

Газдата на „Тиквеш“ Светозар Јаневски купи бизнис центар за 12,5 милиони евра

Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, единствен голем акционер во ВВ „Тиквеш“ е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот „М-6“ ДОО Скопје, кое поседува 80,08 проценти од вкупниот број акции. 

To top