Македонија

Средба Муцунски-Кос: Потврдена е силната посветеност на Македонија на евроинтеграцискиот пат

Муцунски присуствува на неформалната вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан ја организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Европските перспективи на земјата, заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната, беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел.

На средбата е потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, на континуитетот во реформските процеси, како и на носењето на законите што се составен дел од пристапниот процес. Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, еврокомесарката Кос на средбата изразила поддршката за македонскиот европски пат и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

Муцунски присуствува на неформалната вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан ја организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

За утре е предвидено, Муцунски заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да имаат средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалиф.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top