Македонија

Камен-темелник на втората фаза од автопатот Скопје Блаце

На мало растојание од само 10,5 км ќе има 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови. Рокот за изградба е 4 години

Втората фаза од автопатот треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километри автопат во близина на ГП „Блаце“.

„По нешто повеќе од 20 години започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце, овој проект станува реалност. Ветувањето што го дадовме на почетокот на мандатот денес почнува да се остварува, а особено сум задоволен што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи, што значи дополнителна вредност за македонската економија и повеќе работни места за нашите граѓани“ објави на Фејсбук денеска премиерот Христијан Мицкоски  на поставувањето камен-темелник на натешката и најсложена траса од идниот автопат.

Покрај шефот на македонската Влада,  Мицкоски,  на свеченото поставување на камен темелникот  присустуваше и косовскиот премиер Албин Курти,  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставници на меѓународните финансиски партнери во проектот, владини функционери, пратеници, амбасадори.

На автопатот ќе има 5 тунели, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови.  Ќе го гради домашната градежна компанија  „Гранит“ АД Скопје.

Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) – главен носител на проектот,  посочи дека  денеска се поставува камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10,5 километри ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите.

„ Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје–Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово“, рече Трајановски.

Финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски информира дека автопатот ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри. – Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10,5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите. Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови. Рокот за изградба е 4 години, рече Трајановски.

 

Најнови вести од: Македонија

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех на само 12 години постигна Македон, кој е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Владата подготвува закон да можат граѓаните самите да докупат до две години работен стаж за пензија

Граѓаните, на кои им недостигаат најмногу две години работен стаж, наскоро би можеле да добијат можност сами да си ги уплатат придонесите за да остварат право на старосна пензија, за да го исполнат законскиот минимум од 15 години. Оваа можност ја најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Според предложеното законско решение, […]

Ѓурчески за заканите кон премиерот: Ако не се реагираше брзо, можеше да продолжи и кон пратеници, судии, обвинители!

Добро е што се реагираше брзо, испратена е силна порка кон организираните криминални структури во Македонија, се спречи ова да стане нечие секојдневие, изјави безбедносиот експерт Љубомир Ѓурчески во „Колегиум“ на ТВ Алфа.  Ова лице е познат криминалец, а со тоа е несомнена и неговата поврзаност со овие структури, за коие не е непозната употребата на насилни мерки, па дури и ликвидации, цени човекот кој дел од кариерата ја поминал токму во регионот од каде доаѓа криминалецот кој на социјалните мрежи се закани со јавна егзекуција на премиерот Мицкоски и неумесни зборови кон неговото семејство, потанцира човекот со богата кариера во МВР.

Најнови вести

To top