Архива за: 13.12.2025

Австралија: Нема социјални медиуми за малолетници

Новиот закон ги опфаќа најпопуларните платформи како што се Instagram, Facebook, TikTok, YouTube, X и Snapchat, и додека владата тврди дека целта е да ги заштити младите од штетна содржина, критичарите предупредуваат на ризикот од изолација и туркање на децата во нерегулирани делови од интернетот

Собраниска кавга – За опозицијата буџетот не ја отсликува економската реалност, за власта тој е одраз на визија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, на седницата на Собранието изјави дека Буџетот за 2026 година е изграден врз реални економски показатели, а проектираните приходи се „целосно остварливи“. Според него, очекуваното зголемување на приходите се должи на подобрената наплата на царини и концесии, како и на засилените активни мерки за вработување, кои бележат рекорден интерес кај граѓаните.

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Девизните резерви на Македонија достигнаа 4,86 ​​милијарди евра

Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%).

To top