Свет

Зеленски рече „да“ за претседателски избори

Претседателскиот мандат на Володимир Зеленски официјално истече на 20 мај 2024 година, но тој е претседател на Украина поради воената состојба во земјата како резултат на руската инвазија во февруари 2022 година.

 

Неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од Украина да одржи претседателски избори, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ќе направи сè што е можно за да се одржат наскоро.

Зеленски, кој беше во Италија рече дека веднаш по враќање во земјата ќе побара предлози за законски измени за одржување избори за време на воена состојба.

„Ги молам САД да ми помогнат, можеби заедно со европските колеги, да обезбедам безбедност за време на изборите, а потоа во следните 60-90 дена Украина ќе биде подготвена да одржи избори“.

Претседателскиот мандат на Володимир Зеленски официјално истече на 20 мај 2024 година, но тој е претседател на Украина поради воената состојба во земјата како резултат на руската инвазија во февруари 2022 година.

Член 19, став 1 од украинскиот закон „За правниот режим на воената состојба“ забранува одржување избори (претседателски, парламентарни и локални) за време на периодот на воена состојба.

Во интервју за „Политико“, пред два дена, Трамп нагласи дека изборите треба да се одржат што е можно поскоро, а администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски намерно го одложува ова.

„Да, мислам дека е време. Важно е да се одржат избори. Тие ја користат војната како изговор да не се одржат избори, но мислам дека Украинците треба да имаат таков избор.
И можеби Зеленски ќе победи.
Не знам кој би победил, но тие долго време немале избори. Тие зборуваат за демократија, но во одреден момент таа престанува да биде демократија“, рече Трамп.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top