Архива за: 06.05.2026

Кој го користи Вардар како контејнер за хемикалии?! Вчера непријатна миризба на хемиски агенси во Сарај, Ѓорче Петров и Карпош

Доцна вчера, во периодот од 21 до 0:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси.

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“!

„Јас сум за предвремени избори и нема веќе да бидам дел од ‘Вреди’!“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, коментирајќи ја синоќешната фејсбук-објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“. Инаку, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека годинава нема да има предвремени избори, оти ова е реформска година и година на консолидирање. „Би сакал да има редовни парламентарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија, е подготвена, ако тие избори се одржат една година порано.“ – нагласи Мицкоски.

Крадецот се обиде вчера да влезе насилно во храмот „Свети Вмч.Георгиј“ во Кочани, ама при бегање заглави на оградата! – Го вадеа полицајците!

Вчеравечер во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани бил направен обид за кражба. Притоа сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект, но не успеал. по неуспешниот обид за разбивање на вратата крадецот се обидел да избега, но се заглавилна оградата околу храмот! Ова го објави Радио Кочани..

Итна медицинска евакуација: Бродот „Хондиус“ со хантавирус се приближува кон Канарските Острови

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека холандскиот круизер „МВ Хондиус“, на кој е регистрирано ширење на хантавирус, се упатува кон Канарските Острови, каде се подготвува детален план за евакуација и медицинска грижа за патниците и екипажот.

Пред 35 години во Сплит загина кавадарчанецот и војник Сашко Гешовски

Загина на само 19 години, загина на 6 мај 1991 година во Сплит, Република Хрватска, додека служел во Југословенската народна армија (ЈНА). Сѐ уште не се разјаснети околностите под кои тој го загубил животот

To top