Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Во пресрет на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, министерот за здравство Сашо Клековски денеска, заедно со директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, проф. д-р Ирфан Ахмети, ја упати пораката „Рано делување против дијабетесот”.

Министерот Клековски истакна дека, според податоците на светско ниво, повеќе од 40 проценти од луѓето што живеат со дијабетес не знаат дека ја имаат оваа состојба. Дијагнозата често се поставува кога веќе се појавиле сериозни компликации, најчесто во продуктивна возраст.

  • Мораме да одиме до коренот на проблемот, а тоа се нездравата исхрана и отсуството на физичка активност. Затоа се потребни радикални превентивни мерки за здрав живот. Потребна општествена согласност за забрана за продажба на ‘џанк’ храна во училиштата, вклучување на овошје, зеленчук и свежо приготвена храна во училишната исхрана, како и данок на додаден шеќер во пијалаците – изјави министерот Клековски.

Министерот ги наведе четирите столба на политиката на Министерството и Владата:

  • мерки за здрав живот уште од најрана возраст;
  • зајакнување на превенцијата и скринингот во примарната здравствена заштита;
  • непречена достапност до современа терапија, инсулин и помагала, со проширување на следењето со сензори и со воведување нови терапии за компликациите;
  • поддржувачка средина без стигма – во училиштата, на работните места и во општеството.

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

  • Раното дејствување има за цел заеднички да влијаеме врз секој поединец да прави редовни скрининг прегледи, посебно кај лица од ризични групи. Токму скринингот спроведен вчера од страна на ММСА кај вкупно 145 лица покажа дека дури 16% не знаеле дека имаат дијабетес и веднаш биле упатени во центар за дијабетес – посочи директорот на Клиниката д-р Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Најнови вести

To top