Регион

Загина д-р Малтина Ферати од клиничката болница Тетово

Во несреќата во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер, животот го загубија две лица, а петмина беа повредени

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата во Албанија, загина 42-годишната д-р Малтина Ферати, лекарка во Клиничката болница Тетово

Во несреќата во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер, животот го загубија две лица, а петмина беа повредени.

Според информациите од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 часот, кога од засега неутврдени причини дошло до директен судир меѓу два патнички автомобили.

Покрај Ферати, во несреќата загинал и 42-годишниот Бледијан Османи, кој управувал со едното возило. Малтина Ферати била сопатничка во автомобил управуван од 45-годишниот А.Ф.

Останатите пет лица биле пренесени во болница, каде им била укажана медицинска помош.

Од Клиничката болница во Тетово се простија од својата колешка, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и сите што ја познавале.

Најнови вести од: Регион

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top