Македонија

Од утре поевтини горива на бензинските пумпи низ земјата

Граѓаните ќе платат помалку веќе од наредните денови

Регулаторните органи денеска ги објавија новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои носат значително поевтинување за граѓаните. Бензините, дизелот, екстралесното масло за домаќинство и мазутот ќе поевтинат веќе од наредните денови.

Според новата одлука, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за по два денари по литар. Така, бензинот БС-95 ќе се продава по 84 денари, а БС-98 по 86 денари за литар.

Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува уште повеќе – за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.

Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се спушта за три денари и ќе чини 100,50 денари по литар. Кај мазутот М-1 НС намалувањето е помало – 0,998 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 48,314 денари за килограм.

Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука од 9 ноември 2026 година и ќе важат од моментот на нивното стапување во сила.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа’ (‘soulles state’).

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Врвни светски експерти предупредуваат дека со уставните измени од 2001 Македонија може да стане „македонско-албанска држава“! (2)

На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав. Во новата преамбула, наметната со масивната надворешна интервенција на меѓународниот чинител, беа ревидирани историската меморија и историската вистина за државотворноста на македонскиот народ, потврдена со одлуките на Првото заседание на АСНОМ од 1944 година. И не само тоа: тие уставни промени од 16 ноември 2001 година, нагласуваат уставните и други експерти во своите научни студии, можат да бидат причина во одредени услови сегашното унитарно државно устројство да биде заменето со бинационален државен концепт, македонско-албански.

Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат

„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! “ – објави попладнево градоначалникот на Охрид на својот фејсбук-профил во врска со случајот на претепаната и тешко повредена девојка, која била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички нападната од нејзиното момче. По инцидентот, таа итно била пренесена во болница, каде што била задржана на лекување, а осомничениот е приведен. За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид.

Лиав Оргад и Виолета Ачковска: Уставните измени од 2001 ја “избришаа“ Македонија како национална држава на македонскиот народ, но и придобивките од АСНОМ! (1)

 На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17  станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав.

To top