Македонија

Николоски: ЕУ да изнајде решение за проблемот со превозниците

Една година зборуваме, не знам како е можно да се водат само бирократски дискусии, а да нема политичка одлука за тоа, праша вицепремиерот

 

„Има две многу важни прашања за регионот кои, за жал, многу малку беа споменати, а се огромен проблем за целиот регион и се директно поврзани со Европската Унија, а за жал ЕУ не презема ништо за нив“, порача вчера вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 23-от  Виенскиот економски форум.

Вицепремиерот посебно го истакна проблемот со возачите на камиони.

„Веќе речиси една година целиот регион зборува за тоа. Можеме да имаме убави говори овде, но ако стоката не може да се транспортира до крајниот корисник, не можеме да зборуваме за ништо. Во овој момент го имаме тој голем, огромен проблем.

Една година зборуваме, не знам како е можно да се водат само бирократски дискусии, а да нема политичка одлука за тоа. Одговорите што ги добиваме веќе една година се дека „тоа било исто и порано“.

Не е исто! Бидејќи со новиот електронски систем секој ден се брои, возачите на камиони се третираат исто како туристи, не можат да поминат повеќе од 90 дена во период од 180 дена во ЕУ, и бизнисот колабира, вели Николоски актуелизирајќи го прашањето

Во изјава за МИА тој потсетува дека прашањето со превозниците, се уште е отворено, затоа што, вели, со неколку држави веќе имаме билатерални договори, но тоа не се сите држави на Шенген зоната.

„Бараме решение кое секако треба да го понуди Шенген зоната и ЕУ како овој проблем да се надмине“, потенцира вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Панел-дискусии во Собранието на Република Македонија

Поздравни обраќања ќе имаат претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, директорот на Државниот архив на Република Македонија, м-р Димитар Богески и директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов.

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

To top