Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Петмина државјани на Македонија беа приведени во операцијата во Скопско и Куманово, кои, според објавите во грчките медиуми, подготвувале обид за атентат во Грција – според различни извештаи, против „израелски државјанин што живее во Грција“ или против „Грк од еврејско потекло“.

Во статијата на Ynet се забележува дека Мосад ги доставил информациите во време кога израелските безбедносни служби предупредуваат дека Иран е сè порешителен да извршува напади врз израелски цели низ целиот свет.

Во извештајот на грчкиот весник „Катимерини“ се наведува дека целта на планираниот атент бил „грчки бизнисмен од еврејско потекло“, кој работи за голема и позната компанија со седиште во Грција. Компанијата долго време е активна во технолошкиот сектор, а во последните години ги прошири своите активности за да вклучи и производство на воена опрема во соработка со израелската државна одбранбена индустрија.

Според информациите достапни до денеска од официјални и неофицијални извори, иранското разузнавање, преку посредник на Иранецот Едрис Џахангири Маванех, контактирало со Наџи Шарифи Зиндашти, наводен ирански нарко-бос, преку кого ги „ангажирало“ услугите на петтемина македонски државјани приведени.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Регион

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top