Според Николоски, со измените на Законот за игрите на среќа се воведуваат построги ограничувања во однос на рекламирањето и локациите каде што можат да се организираат игрите на среќа, како и значително зголемување на давачките за приредувачите.
– Фактичката примена на законските измени почнува од 1 јануари. Од тогаш единствен субјект што ќе може да ги организира онлајн игрите на среќа ќе биде државата преку Државна лотарија, а истото ќе важи и за видеолотариските терминали (ВЛТ), каде што државата ќе биде единствен организатор преку еден субјект – одговори Николовски.
Тој посочи дека по формирањето на актуелната Влада биле укинати лиценците на три компании поврзани со организирање онлајн игри на среќа и платформата „ТуВин“, која била дел од „Казино Австрија“ и системот на ВЛТ терминали.
Николоски нагласи дека за овој случај се водат и судски постапки.
– Во тек е активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и останатите обвинети. Очекувам судот во ефикасна постапка да ја заврши оваа работа и одговорните да сносат одговорност за стореното, рече тој. Осврнувајќи се на функционирањето на секторот за игри на среќа, рече Николовски и потенцира дека е неопходна строга државна контрола со цел да се спречи нелегално организирање и концентрација на пазарот.
Тој повика надлежните институции, вклучително и Обвинителството, Финансиската полиција и Финансиското разузнавање, да ги проверат сите наводи што се појавуваат во јавноста и кои се поврзуваат со работењето во оваа област.