Обвинетиот ја признал вината за кривичното дело „Загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита“, а со пресудата е задолжен да ја надомести и предизвиканата материјална штета од околу 3.300 евра.
Иако е осуден на затворска казна, Стојановски ќе ја чека правосилноста на пресудата на слобода, откако судот одлучил да му го укине притворот.
При одлучувањето судот го зел предвид фактот дека обвинетиот веќе поминал околу половина од изречената казна во притвор, неговото признание на вина и семејните околности, оценувајќи дека е мала опасноста да избега.