Македонија

Костовски: Во Општина Бутел нема место за урбаната мафија (ВИДЕО)

Не може Општината да биде партнер со криминалци, со бандити, имаше една таква жална епизода, таа е поминатa., порача градоначалникот

Градоначалникот на Општина Бутел јавно обвини за притисоци од урбана мафија кои се обидуваат да ги бетонираат зелените површини и нагласи дека нема да дозволи да се претстави тоа како меѓуетничка борба.

Дарко Костовски, утрово им се обрати на граѓаните со порака да бидат спокојни оти нема да дозволи на секое зелено ќоше да никнат згради а поради асилени притисоци Бутел да се бетонизира

На оние, пак, што притискаат да се гради и се обидуваат тој притисок да го претстават како меѓуетничка борба, јавно им кажа дека нема да отстапи.

„Не може Општината да биде партнер со криминалци, со бандити. Имаше една таква жална епизода, таа е поминатa. И во таа смисла, еве еден мој јавен апел:

„Колку овие бандити, оваа урбана мафија и да се крие зад политички партии и каков притисок и да прави, додека сум јас градоначалник на Општина Бутел, простор за криминалци, бандити и сите оние коишто им мислат лошо на Општина Бутел нема“, вели во видео-обраќање до граѓаните градоначалникот Костовски.

Уверува дека еднакво ги третира сите етнички заедници на територијата на Бутел, а за тоа вели дека се доказ завршените проекти во етнички мешаните средини и гласовите кои ги довива токму од тие места.

Засега Костовски вели дека нема конкретна закана, туку се е сведено на своевиден притисок, па пријава во полиција нема.

„Притисоците ја прелеаја чашата па затоа решив преку кусо видео да ги известам граѓаните за случувањата.

Конкретна закана немам и затоа овој пат не сум пријавил во полиција. Доколку добијам закана секако ќе ја пријавам, исто како и досега, сите мои пријави се веќе обработени“, вели Костовски.

 

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

To top