Македонија

Крива Паланка ќе го решава проблемот – се бара трајно решение (ВИДЕО)

Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат на протест поради нерешавање на проблемот со кравите кои неконтролирано се шетаат низ градот

Во повикот за протест се наведува дека ќе се блокира магистралниот пат, со почеток во 11 часот.

„Кривопаланчани, да се собереме во што поголем број и гласно да побараме трајно решение за добитокот што слободно се движи низ нашиот град, се наведува во повикот.

Од Агенцијата за храна и вертеринарство за вчера информираа дека досега се собрани 96 крави, а градоначалникот Сашо Митовски вели дека има уште околу 1.000, поради што уште пред две недели побара од Владата да биде прогласена кризна состојба од 30 дена, но досега нема никаков одговор.

Денеска беше поднесено Барање за свикување вонредна седница на Советот на Општина Крива Паланка, во врска со споменатиот проблем со кравите, соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Рангелов.
На седницата ќе биде презентиран конкретен Акциски план за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток.

 

Најнови вести од: Македонија

Јовановски: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција што ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од неговото основање. Програмата опфаќа неколку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и на современите пристапи во историските истражувања. Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, за односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија.

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

To top