На 18.11.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје Н.С.(45) од с.Пагаруша, скопско, пријавила дека околу 13:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички, додека пак еден малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, по што е објавен на социјална мрежа, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.