Регион

Тирана негира дека уништила руски брод со поморски дрон

Албанија го отфрла тврдењето дека нападот со поморски дрон врз руска корвета бил извршен од нејзина територија

Албанското министерство за Европа и надворешни работи во остро ги отфрли наводите дека нападот со поморски дрон врз руска корвета бил извршен од албанска територија.

Во официјална објава министерството соопшти дека внимателно ги следело извештаите во кои се тврди дека нападот потекнува од Албанија.

„Извештаите во прашање се неточни и не ги одразуваат фактите“, се вели во соопштението.

Министерството категорично нагласува дека Албанија не била вклучена во инцидентот и дека нејзината територија ниту била употребена, ниту ставена на располагање за лансирање или олеснување на таков напад.

„Категорично ги отфрламе овие обвинувања, кои се претставени без проверливи докази. Ги повикуваме оние што се одговорни за нивното ширење да ги исправат информациите и да покажат точност, должна внимателност и одговорност кога известуваат за прашања од ваква чувствителност“, се додава во соопштението.

Албанските власти со оваа реакција ги отфрлаат шпекулациите што се појавија во медиумите во врска со потеклото на нападот.
Најчитани вести
По Лајонес и Лајконет нова измама лебди над лакомото и наивно ,,Македонче” желно за брза и лесна заработка

Нова афера од типот Лајонес/Лајконет на небото над Македонија – Сега мамат граѓани со руска ,,суперфабрика”

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

To top