Македонија

Шилегов: Немав сообраќајка, само возилото ми заглави во кал

Благодарение на пријатели и случајни минувачи за помалку од 10 минути го извадивме возилото и си појдовме на кафе, вели тој во објава на Фејсбук

Поранешниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов утринава на Фејсбук одговори на, како што вели, виралната `галама` што се се кренала синоќа во врска со наводна сообраќајна несреќа во која учествувал тој со неговото возило.

„Немаше никаква сообраќајна незгода. Возилото заглави во калта на раскопаните тротоари и мораше да биде извлечено бидејќи шлајфуваше (веројатно и тогаш е направена снимката). Благодарение на пријатели и случајни минувачи за помалку од 10 минути го извадивме возилото и си појдовме на кафе. Убавиот дел од оваа приказна е дека повторно се убедив дека без оглед кои сме и што сме, солидарноста и човечноста се сила која што помага и победува“ – пишува Шилегов на Фејсбук

„Бидејќи немаше никаква сообраќајна незгода, апсолутно нема потреба од било чија загриженост. Добар сум, ништо не ми е, а нормално ни возилото не е оштетено (ќе треба да се измие од калта).

За злобните и тенденциозни коментатори: вашата злоба и вашата љубомора, како и секогаш до сега, мене ќе ме направат посилен, а вас уште понесреќни. Ќе ве изеде љубомората. Тоа што ќе опцуете, ќе се ситите, ќе пишувате „мртов пијан бил”, нема да ја смени вашата реалност, ниту пак сликата што утрово ќе си ја видите во вашите огледала: несреќни, злобни, љубоморни на другите поуспешни од вас, исфрустрирани. Помогнете си себе си на начин што ќе почнете нешто и да работите во животот, освен да „мудрувате” на ФБ, и да, пробајте ментално да се надминете и да почнете да сакате, не да мразите. Туѓата среќа или несреќа, вас не ве прави ниту попаметни, ниту побогати, ниту пак посреќни.

Прстот на чело драги злобници, почнете да работите на себе, само така ќе станете и подобри и посреќни луѓе“ се вели во постот на Шилегов.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

To top