По повод 28 ноември – Денот на независноста на Албанија и Денот на знамето – Амбасадата на Република Албанија во Македонија организираше свечен прием, на кој присуствуваа претставници на различни институции, како и истакнати личности од политичката, дипломатската, културната и општествената сфера.
На свечениот прием се појавија и Зоран Заев, Оливер Спасовски ,Фатмир Битиќи и Венко Филипче, а нивното присуство го забележаа камерите на „Tetova sot“
На соседната маса се претставниците на владејачката партија на македонските Албанци, меѓу кои и поранешниот и сегашниот прв вицепремиер, Изет Меџити и Беким Сали.