Македонија

Алијанса за Албанците“ му припаѓа на Арбен Таравари

Kонфликтoт помеѓу двете фракции започна во 2024 година, по раздорот меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села

 

„

Апелациониот суд во Гостивар ја потврди одлуката на Основниот суд во Тетово, со која Арбен Таравари се признава за легитимен лидер на „Алијанса за Албанците“ (АА), а се потврдуваат и измените на Статутот усвоени за време на 4-тиот вонреден конгрес.

Оваа одлука, донесена на 13 ноември 2026 година, става крај на повеќегодишната правна битка меѓу две фракции во „Алијанса за Албанците“ околу официјалните партиски печати и раководството – конфликт што започна во 2024 година, по раздорот меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села.

Во текот на постапката, судот во Тетово донесе неколку одлуки кои Апелациониот суд подоцна ги враќаше на повторно одлучување, сè додека во март 2026 година не беше донесена одлука во корист на Таравари.

Оваа одлука сега е потврдена од второстепениот суд, додека во меѓувреме, Села формираше нов политички субјект наречен „Албанска лига“ (Lidhja Shqiptare).

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

To top