Колумни

За „Велтвохе“ „рибата од главата смрди’, а главата на ЕУ е Урсула Лаен“! ЕУ-судот пресуди за „Фајзергејт“, но како ќе се спречи „корупциската смрдеа“?!

Пишува: Свето Тоевски „Пресудата на Европскиот суд на правдата против претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во аферата ‘Фајзергејт’ им обезбедува политичка муниција на  широк спектар на критичари. Оваа пресуда му нанесува голем срам на нејзиниот углед, со оглед дека сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите […]

Пишува: Свето Тоевски

„Пресудата на Европскиот суд на правдата против претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во аферата ‘Фајзергејт’ им обезбедува политичка муниција на  широк спектар на критичари. Оваа пресуда му нанесува голем срам на нејзиниот углед, со оглед дека сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат.“ – нагласува хрватскиот аналитички портал „Геополитика.њуз“ во својата анализа објавена на 14 мај 2025 година со наслов „Се стега обрачот околу Урсула Лаен: Судот на правдата на ЕУ донесе пресуда со големи последици во аферата ‘Фајзергејт“.“ Во анализата со наслов „Токсична женственост на врвот на ЕУ: Урсула фон дер Лајен станува товар. Дипломатите бараат нејзино заминување“, објавена на 26 април 2025 година во швајцарскиот магазин „Велтвохе“, Филип Гут нагласува: „Рибата смрди од главата’, а главата на ЕУ е Урсула фон дер Лаен!“ Судот на ЕУ денес одлучи и сега е уште поважно како да се спречи натамошното ширење на „корупциската смрдеа“! Се случува парадоксална ситуација: Урсула Лаен веќе неколкупати во своите посети во Македонија во последниве четири години повикува на „борба против корупцијата“, а самата таа беше под истрага, поради сомнежи за корупција од највисоко ниво, кои се потврдуваат со пресудата на Европскиот суд на правдата. Ова е како народната поговорка „Фатете го крадецот“, ама парафразирана во „европска верзија“: Урсула Лаен среде Скопје гласно вика „Фатете го корумпираниот!“, а токму таа е сега „фатена како корумпирана“!

„Геополитика.њуз“ пишува: „Постоењето на текстовите – што Комисијата првично не го потврди – беше откриено во интервју, кое фон дер Лаен го даде за ‘Њујорк тајмс’ во 2021 година. Но, извршната власт на ЕУ му рече на судот во Луксембург за време на првичното сослушување минатата година дека нивната содржина не е доволно важна, за да се класификуваат како документи – па затоа тие не се регистрирани и достапни за објавување од новинарите. Во својата изјава Европскиот суд додаде: ‘Комисијата не може едноставно да изјави дека не ги поседува бараните документи, туку мора да даде веродостојни објаснувања, што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто овие документи не можат да се пронајдат’.“

Празни и бескорисни објаснувања – голема срамота

„Случајот беше правно незгоден за фон дер Лаен, бидејќи не само што таа лично го потпиша најголемиот договор за вакцини во ЕУ-блокот, туку и претседава со институцијата, задолжена за спроведување на правото на ЕУ, кое ги вклучува принципите на транспарентност и одговорност. Пресудата на европскиот суд  против Лаен обезбедува политичка муниција за широк спектар на критичари. Тоа е голем срам, со оглед на тоа што сѐ се случи само неколку месеци, откако Лаен јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат. Случајот го покренаа ‘Њујорк тајмс’ и неговиот поранешен шеф на бриселското биро, кои поднесоа тужба во 2022 година против одлуката на Европската Комисија да не ги објавува текстуалните пораки.“

„Постоењето на пораките беше откриено во интервју за ‘Њујорк тајмс’ во април 2021 година: Бурла ја опиша размената на тие пораки како поттикнување ‘длабока доверба’ и олеснување на преговорите за значаен договор за вакцини. Овој договор, финализиран во мај 2021 година, вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарди дози од вакцината против Ковид-19 на ‘Фајзер-БиоНтех’, што е убедливо најголемиот од кој било друг договор, кој го има потпишано кога било Брисел.“ – објави „Геополитика.њуз“.

Урсула Лаен четири години вика низ Скопје „Фатете го корумпираниот!“ а самата е „фатена како корумпирана“!

Денес Општиот суд на Европската унија ја донесе својата одлука во врска со аферата „Фајзергејт“ и платените една милијарда евра за вакцините на „Фајзер“. Сега претстои целосно расчистување на вмешаноста и одговорноста на претседателката на Европската комисија Урсула Лаен во оваа крупна корупциска афера. Пред денешната одлука на Европскиот суд на правдата информативниот портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Фон дер Лаен се соочува со критичен тест, бидејќи судот на ЕУ одлучува за тајните текстуални пораки од ‘Фајзергејт“ на 12 мај 2025 година имаше објавено: „Случајот е правно сложен за Лаен, бидејќи таа лично го потпиша најголемиот договор за вакцини во блокот, вреден милијарди евра, но и оти и претседава со институцијата, задолжена за спроведување на законите на ЕУ.“

Еве дел од клучните наводи во анализата на „Политико“: „Наследството на Урсула Лаен како претседател на Европската комисија ќе се соочи со голем предизвик, кога Европскиот суд на правдата ќе пресуди за тајните пораки, што ги разменила со директорот на фармацевтска компанија,  која потпиша договор за вакцини вреден милијарда евра со Брисел. Во пресуда што би можела да го одреди угледот на Урсула Лаен, Судот на правдата на Европската Унија ќе одлучи дали Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност, со тоа што одбила да ја објави содржината на нејзините текстуални комуникации со извршниот директор на ‘Фајзер’ Алберт Бурла.“

„Одлуката во врска со случајот ‘Фајзергејт’ ќе има далекусежни последици врз начинот, на кој највисоките функционери на ЕУ работат зад затворени врати, Таа одлука би можела да фрли сенка врз вториот петгодишен мандат на Лаен на чело на Комисијата, кој започна на 1 декември лани. Случајот е правно незгоден за Лаен: таа не само што лично го одобри најголемиот договор за вакцини во ЕУ, вреден милијарди евра, туку и претседава со институција, задолжена за спроведување на законите на ЕУ, вклучително и за принципите на транспарентност и одговорност. Ако судот донесе пресуда против неа, тоа би можело да послужи како политичко оружје за многу нејзини критичари. Тоа би било и голем срам, со оглед на тоа што поминаа само неколку месеци откако таа јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и праведност во нејзиниот втор мандат. ‘Оваа судска одлука би можела да означи пресвртница за транспарентноста во ЕУ. Кога станува збор за клучни одлуки, особено оние што влијаат на јавното здравје, треба да се избегнува тајност.’, рече Шари Хиндс, службеник за политика на ЕУ во невладината организација ‘Транспаренси интернешенел’.“

„Договорот со ‘Фајзер’ беше финализиран во мај 2021 година и вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарди дози од вакцината на ‘Фајзер-БиоНТек’ против ковид-19. Тоа е убедливо најголемиот од сите договори потпишани од Брисел. Со него беше предвидена испорака на нарачаните 900 милиони дози до 2023 година, со можност за нарачка на уште 900 милиони дози. Но, притисокот врз Лаен расте дури и без врска со овој случај. Европскиот јавен обвинител, задолжен за истрага за сериозни финансиски кривични дела против финансиските интереси на ЕУ, во март 2025 година ја потврди истрагата и оти биле испрашувани претставниците на Европската комисија како се воделе преговорите за вакцините.“ – дополнува „Политико“ во споменатата анализа.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ставови на која било политичка партија, ниту со уредувачка ориентација на ниеден медиум од Република Македонија)

Најнови вести од: Колумни

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

Бугарија го „киднапира“ македонскиот цар Самоил, за да ги пополни „дупките“ во идентитетот на Бугарите и на својата средновековна државност!

Пропагандниот циркус на 3 октомври 2026 година кога македонската, европската и светската јавност гледаа во Софија масовни сцени со пренесувањето на „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во саканата татковина Бугарија“, на 6 октомври веќе задобива нови димензии: денешното поклонение пред наводните посмртни останки на средновековниот владетел претставува забрзување и кревање на највисоко рамниште на градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите. Ова е длабоко и добро осмислена операција на идентитетски, историски и национален инженеринг, заснован врз масовно присвојување на идентитетски елементи на македонскиот народ и автентичната македонска историја. Градење преку крадење – од македонскиот за бугарскиот идентитет!

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Пропагандниот циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и македонскиoт јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

To top